Чиста десетка за Стојковска, го носи Цвикау кон врвот

Тимот на Цвикау, каде што настапува македонската интернационалка Симона Стојковска, забележа важна  победа на гостински терен во Втората Бундес лига.

Цвикау славеше над Розенгартен со 29-31, а најголемите заслуги за триумфот над второпласираниот тим на табелата, одат на заслуга на Стојковска.

Битолчанката беше стрелец на десет погодоци, од кои четири од пенал, и беше убедливо најефикасна во својот тим.

Цвикау сега е втор на табелата,  со четири бода заостанување зад лидерот Хале Нојштат.