Червар во неволја: Дувњак, Карачиќ, Циндриќ и Муса се неизвесни за ЕП

На нешто повеќе од еден месец од Европското првенство и две недели од почетоткот на подготовките, до селекторот на Хрваска стигнуваат лоши вести за неговите ракометари. Главните играчи на репрезентациајта се повредени.

„Сетете се само, никогаше не сме биле комплетни. Ниту на првенствата, ниту во Атина а потоа ги немаше Чупиќ, Дувњак па Циндриќ. Еве и сега имам лоши информаиции“, коментираше Лино за хрватските медиуми.

Нема да му биде лесно, на минатото првенство го немаше Дувњак кој се повреди во првиот натпревар, а дел од натпреварите не играше и Лука Циндриќ. Тогаш улогата на лидер во репрезентацијата ја презема Игор Карачиќ.

Овие тројца играчи се ударна сила на репрезентацијата на Хрватска, но последните вести кои стигнаа до селекторот Лино Червар беа дека сите тројца се моментално повредени и неизвесни за настап на ЕП. Уште еден кој се жали на повреда е пикерот на Магдебург, Жељко Муса, но Червар ги стави сите овие на поширокиот список, па до стартот на континенталниот собир ќе знае на кој ќе може да смета.