Чаир им се врати на победите – славеше над ЖРК Алушовски

По поразот од Металург на домашен терен, ракометарките на Чаир се вратија на победничките патеки, откако славеа на гостувањето кај Алушовски со 26-32.

Домаќинките одржуваа резултатска рамнотежа до 10-10, но Чаир со серија од седум голови по ред стигна до предност од 10-17 и тука го реши победникот. На пауза беше 14-18.

Вториот дел беше само рутинско одработување на задачата, па шанса за настап добија повеќето ракометарки од клупите на двете екипи.

Најдобри стрелци кај Чаир беа Замира Рамуко со 11 голови и Анастасија Николовска со осум, додека кај домашниот тим се истакна Ана Георгиевска со пет погодоци.