Црногорска свирка за Вардар во Брест

Ракометарите на Вардар ги чека незгодно гостување во Белорусија, кај тамошниот шампион Мешков Брест во рамките на Лига на шампионите.

По поразот од Келце во минатото коло, за вардарци нема друга опција освен победа кај Мешков, доколку сакаат да останат во трка за високите позиции во групата.

ЕХФ ги делегира црногорските арбиртри Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ за судии на овој натпревар, додека делегат ќе биде Чехот Иван Долејс.

Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра утре со почеток во 17:30 часот.