Црногорецот Вујовиќ ја менува Татабања со Бундес лига

Репрезентативецот на Црна Гора, Милош Вујовиќ од наредната сезона ќе биде нов играч на бундеслигашот Фуксе Берлин. Црногорецот во Берлин ќе пристигне од првенството на Унгарија каде што настапува за Татабања.

Вујовиќ настапува на позицијата лево крило, а во Татабања е од 2015 година и изминатите сезони е еден од најдобрите стрелци во екипата.

Фуксе Берлин очигледно има доверба во екс-ју играчите, голем дел од составот се играчи од Хрватска и Србија меѓу кои и поранешните вардарци Марсениќ и Милосављев, а од наредната сезона Вујовиќ ќе биде единствениот Црногорец.