Црна Гора со 26 интернационалци на списокот пред ЕП, го нема Борозан!

Главната тема во Црна Гора кога е во прашање машкиот ракомет е дали Вуко Борозан повторно ќе заигра за националниот тим. На ЕП следната година, сигурно нема, затоа што не се најде на списокот од 28 играчи на селекторот Зоран Рогановиќ.

Од 28 играчи, колку што се на списокот, дури 26 се интернационалци, а само левото крило на Комови – Александар Бакиќ и средниот бек на Ловќен, слободан Булајиќ играат во домашниот шампионат. Деветмина од списокот на Црна Гора или играле или во моментов играат во македонската Суперлига.

Од оние кои настапуваат во нашиот шампионат, на списокот се Мирко Мајиќ од Бутел Скопје, Мирко Радовиќ од Еурофарм Работник, како и голманот на Охрид, Јагош Брауновиќ.