Хановер го задржува и Словенецот Цехте

Репрезентативецот на Словенија, Нејц Цехте го продолжи договорот со Хановер до 2022 година. Ова е втор важен играч за тимот кој сезонава го продолжи договорот по Хрватот, Илија Брозовиќ.

Цехте пред две години пристигна во Хановер од Горење Велење и остави силен впечаток што беше причина управата да му понуди продлжување на соработката.

Претходно во кариерата десниот бек има настапувано за Горење од 2013 до 2018 година, во овој период има играно три сезони во Лигата на шампионите и три сезони во ЕХФ купот.