Франција во проблеми: Карабатиќ нема да игра на ЕП!

Репрезентацијата на Франција ќе биде ослабена на Европско првенство, откако кружниот напаѓач Лука Карабатиќ заработи повреда на последниот меч од Лигата на шампионите против Барселона и ќе мора на пауза.

По деталните лекарски прегледи, утврдена е дислокација на прстот на десната рака, а поради тоа неопходно е врз искусниот ракометар да биде извршен хируршки зафат.

Препорачаната пауза од лекарите е најмалку шест седмици, а тоа значи дека Карабатиќ нема да  да настапи на ЕП 2020.

Франција ќе игра во групата Д на континенталниот шампионат, заедно со Норвешка, Португалија и Босна и Херцеговина.