Ферлин три години на голот на Ерланген

Голманот на екипата на Целје, Клемен Ферлин ќе го напушти овој тим на крајот од сезоната, а неговата следна дестинација ќе биде Германија. Ферлин ќе застане на голот на тимот на Ерланген со што колонијата на Словенци во двете најсилни лиги во Германија ќе биде уште повеќе зголемена.

Се работи за тим кој се наоѓа во долниот дел од табелата во Бундес лигата. Воедно има и добра голманска двојка во која повремениот репрезентативец на Германија, Карстен Лихтлајн е прв избор.

Оттаму Ферлин ќе има тешка задача да се избори за место, но сигурно е биде голема конкуренција.

Инаку, 30-годишниот словенечки репрезентативец потпиша тригодишен договор со Ерланген, кој почнува да важи од јули 2020 година.