Фантастична партија на Ристовски, Бенфика немаше милост за Боа Хора

Тимот на Бенфика, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, славеше убедлива победа во португалскиот шампионат.

Во натпревар од 13. коло, Бенфика на домашен терен го совлада тимот на Боа Хора со 39-18, а за тоа најголема заслуга има нашиот голман.

Ристовски запре дури 16 удари на противниците, или 47% одбранети удари, и со оваа победа Бенфика стигна на минус еден бод од Порто и Спортинг кои имаат по 33 бодови.