Тиквеш славеше над КЛ 7, остана единствен без пораз

Дербито во Група 2 од Првата машка лига меѓу двете непоразени екипи досега финишираше со победа на гостите од Кавадарци откако ГРК Тиквеш беше подобар од КЛ 7 со 25:23.

Кавадарчани водеа во поголемиот дел од средбата и покажаа дека искуството на Јанчев, и Грозданов може да биде пресудно на теренот. Тие одлично ги предводеа колегите, па направија добар резултат со кој останаа единствените непоразени во Групата 2.

Домашните водеа од почетокот на средбата, но некаде до 11. минута кога имаа 5:4. Тука примија три гола и некаде од средината на првото полувреме работите отидоа во позитивен правец за ракометарите на ГРК Тиквеш кои успеаја до крајот на средбата постојано да бидат во предност. Играчите на КЛ7 на моменти израмнуваа, но не можеа да направат нешто повеќе. Покрај тоа во првиот дел останаа и без Каковски кој заработи повреда на зглобот на левата нога, па мораше да го напушти теренот.

После 12:13 на крајот од првиот дел, веднаш на почетокот на второто полувреме тимот на ГРК Тиквеш создаде предност од четири гола и поведе со 16:12. Овие четири гола искусно се одржуваа главно преку Грозданов и Јанчев, а домашните имаа задоцнет финиш кога се обидоа да намалат, но немаше доволно време за да се направи нешто повеќе.

КЛ 7 – ГРК ТИКВЕШ        23:25 (12:13)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 300. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

КЛ 7: Петрески, Богдановски, Ерманоски, Џигероски 2, Трајковски, Стојков 3, Крстевски, Ѓоргиев 5, Каковски 1, Симоноски 4, Илиески 2, Павлов, Димовски 3, Гучески 3, Јорданов, Мирчески.

Седмерци: 2/7, Исклучувања: 6 мин.

ГРК ТИКВЕШ: Велков, Димитров, Ристов, Петров, Стефанов, Теовски, Грозданов 11, Лазов 2, Димитрив, Петров 2, Ристовски 2, Миов 2, Арсов, Јаковлевски, Окардов 1, Јанчев 5

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 18 мин.