Тиквеш не знае за доста – убедлив дома против Партизан Гевгелија

Ракометарите на Тиквеш од Кавадарци, ја забележаа и 10-тата победа во групата 2 од Првата лига, откако славеа дома против Партизан Гевгелија со убедливи 39-23 во натпревар од 10. коло.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога  домашните ракометари водеа со 20-8, а во вториот дел шанса за настап добија сите играчи од клупите на двата тима.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Лазар Арсов со седум голови, како и Јанчев и Петров кои дадоа по шест, додека кај Партизан се истакна Тодор Узунчев со осум погодоци.

Тиквеш во следното коло ќе гостува кај Борец Велес, додека Партизан ќе игра дома со Преспа.