Талевски требаше да биде засилување за Струга, но заврши надвор од Македонија

Ракометарот кој летото дојде во Струга како големо засилување после враќањето од Турција, Јован Талевски продолжува со својата интернационална кариера, а во новата сезона ќе биде дел од првенството на БиХ.

Тој се договори со екипата на Слобода од Тузла така што таму ќе ја продолжи својата кариера, а ќе биде сигурно голем плус за играта на овој тим кој сака да се бори за добар резултат во шампионатот на БиХ.

Тимот веќе го претстави и го објави како играч кој доаѓа да го засили клубот така што ова ќе биде ново искуство во неговата кариера.

Инаку, Талевски беше во комбинација за потпис за неколку екипи, но очигледно поради тоа што мораше да се плати сертификат не успеа да се врати во Македонија.