Струга водеше на полувреме против Металург, но потоа сè дојде на свое место

Ракометарите на Металург дојдоа до победа од 32:25 и се изборија за нови бодови на домашен терен во натпревар во кој имаа две лица.

Во првиот дел гостите успеаја да искористат шанса за да стигнат до мала предност и да бидат во позитива во еден период. Имаа позитива со гол до два и успеаја да го издржат ова темпо до крајот на првото полувреме после кое водеа со 14:13.

Вторите 30 минути беа нешто сосема поинакво. Металург го засили темпото од стартот на вториот дел и успеа да дојде во водство. Без проблеми ја зголемуваше предноста и до крајот имаше убедливи седум гола со што само се виде разликата во квалитет.

Со ова Металург останува лидер на табелата, а веќе има 16 поени од шест одиграни натпревари.

МЕТАЛУРГ – СТРУГА     32:25 (13:14)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Дупјачанец, Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев 2, Јагуриновски 1, Поповиќ 5, Шилегов 6, Танкоски 3, Мариќ 1, Лазаревски 6, Младеновски, Вујовиќ, Чантурија 3, Кбилашвили 2, Арсеновски 3.

Седмерци: 2/4, Исклучувања:

СТРУГА: А. Стојаноски, Мечкароски, Маркоски, Кузманоски 7, Крстаноски 2, На. Костоски, Савески, Јанкуловски, Стрезоски, Не. Костоски, Русески, Симоноски 5, Трајковски 5, Кицески, Новаковиќ 6.

Седмерци: -, Исклучувања: 6 мин.