Стоечки овации за Карачиќ, свирежи за Душебаев

Ракометарите на Вардар го започнаа натпреварот од седмото коло против полскиот првак Келце во рамките на Лигата на шампионите.

По седум години минати во вардаров дрес, на спротивната страна ќе се појави Игор Карачиќ. Хрватот доби стоечки овации од седум илјадната публика во СЦ “Јане Сандански”, за разлика од неговиот соиграч Алекс Душебаев.

Шпанецот исто како и лани, доби само свирежи од навивачите на Вардар.

Погледнете каква е атмосферата во вулканот “Јане Сандански”….