Среќен роденден!

На списокот на денешните славеници на родендени се наоѓаат неколку ракометари и ракометарки.

Интернационалецот од Хрватска, Сандро Обрановиќ, кој игра во редовите на Мешков Брест денеска ќе наполни 27 години.

Унгарецот кој игра за Пик Сегед, Марсел Лоринч денеска ќе стане полнолетен.

Адам Бланше од Шведска, кој ги брани боите на тимот на Савехоф е една година постар. Тој го слави својот 19. роденден.

Репрезентативката на Данска, Сандра Тофт настапува во екипата на Брест. Таа денеска полни 30 години.

Ракометарката на Подравка, Хрватската Корина Карловчан денеска ќе наполни 21 година.

Останува уште Бразилката од тимот на Ростов Дон, Ана Паула Родригез Бело. Таа полни 32 години.

Среќен роденден Сандро, Марсел, Адам, Сандра, Корина и Ана!