Среќен роденден Филип!

Ракометарот на Радовиш, десниот бек Филип Николов денеска ќе слави роденден. Тој денеска полни 20 години.

Роденден имаат и двајца ракометари на Келце. Томаш Габала денеска полни 24 години, додека Милош Валах денеска ќе стане полнолетен.

И Унгарецот Бенце Хорњак од Веспрем денеска има роденден, а тој ќе наполни 19 годиниа.

Ракометарката од Хрватска, која настапува за екипата на Подравка, Дејана Милосављевиќ, пак, денеска ќе наполни 25 години.

Среќен роденден Филип, Томаш, Милош, Бенце и Дејана!