Среќен роденден Лариса!

Една од ракометарките кои оставија длабока трага во македонскиот ракомет, Лариса Кисељева денеска слави роденден. Поранешната ѕвезда на Кометал Ѓорче Петров, која настапуваше и за репрезентацијата на Македонија денес живее во Русија, а денеска ќе наполни 49 години.

Роденден денеска има и голманот на Вардар јуниор, Васил Гогов. Тој денеска ќе наполни 19 години.

На списокот е и Лаури Фонтејн Каретеро. Французинката од Брест го прославува својот 24 роденден.

Среќен роденден Лариса, Васил и Лаури!