Среќен роденден Елена!

Репрезентативката на Македонија, која игра во првенството на Романија, Елена Ливриниќ денеска ќе слави роденден. Таа денеска ќе наполни 25 години.

Роденден има и поранешната ракометарка и репрезентативка на Македонија, Робертина Мечевска. Таа денеска ќе го прослави својот 35. роденден.

Меѓу славениците е и Ангела Костовиќ од Вардар, која денеска полни 17 години.

Добро познато име на светскиот ракомет, Швеѓанецот Лукас Нилсон, кој игра за Кил исто така е на овој список. Тој денеска го прославува 23 роденден.

Исто така 23 години полни и ракометарот на Целје, Словенецот Гал Маргуч.

Среќен роденден Елена, Робертина, Ангела, Лукас и Гал!