Среќен роденден Дајана!

Ракометарката која во новата сезона настапува во шампионатот на Норвешка, Дајана Јовановска денеска слави роденден. Левиот бек кој е еден под подобрите дефанзивци не беше дел од последниот собир на репрезентацијата, но таа и понатаму е во комбинација за националниот тим. Инаку, денеска ќе наполни 27 години.

Роденден има и ракометарката на Вардар, Бојана Диневска. Таа денеска полни 19 години.

Србинката Јована Рисовиќ во оваа сезона ќе ги брани боите на екипата на Подравка, а таа ќе го прослави својот 26. роденден.

Роденден слави и Бразилката од Рамницу Влчеа, Виеира Самара да Силва. Таа ќе наполни 28 години.

И Украинецот кој игра за тимот на Мотор Запорожје, Владимир Шчербан е меѓу играчите кои денеска слават родендени. Тој денеска станува полнолетен.

Среќен роденден Дајана, Бојана, Јована, Виеира и Владимир!