Среќен роденден Глеб!

На два дена до натпреварот против Веспрем во соблекувалната на Вардар ќе биде весело бидејќи денеска ќе има прослава на нов роденден. Пивотот од Русија, кој левото прво се пресели во Мотор, а потоа со нетрпение чекаше да се врати назад, Глеб Калараш денеска ќе наполни 29 години.

Роденден имаат и неколку ракометарки. Две од нив играат за тимот на Брест, а и двете се Французинки.

Клерви ле Скарф денеска ќе стане полнолетна, додека нејзината колешка Сандра Пухарт полни 41 година.

Тука е уште една Французинка. Се работи за Ема Жаке која игра за тимот на Мец. Таа исто како и Клеви денеска ќе го прослави роденденот за полнолетството.

Стела Кејт Мур која игра за Есбјерг, а доаѓа од Велика Британија денеска ќе го прослави својот 17. роденден.

Среќен роденден Глеб, Клерви, Сандра, Ема и Стела!