Среќен роденден Арпад!

Голманот кој остави длабока трага во играта на Вардар при освојувањето на првиот трофеј во Лигата на шампионите, Арпад Штербик денеска слави роденден. Ракометарот на Веспрем, денеска ќе наполни 40 години, но и понатаму настапува во одлична форма.

Роденден има и десното крило на Келце, Словенецот Блаж Јанц, кој полни 23 години.

Данецот Јакоб Волф Расмусен од тимот на Алборг, пак, ќе наполни 19 години.

Интернационалецот од БиХ, кој го брани голот на Флензбург, Бењамин Буриќ го прославува својот 29. роденден.

Исто така својот 29. роденден ќе го прослави и десниот бек од Хрватска, Лука Степанчиќ кој игра во дресот на Пик Сегед.

Неговиот соиграч, Русинот Дмитри Житникот, денеска полни 30 години.

Среќен роденден Арпад, Блаж, Јакоб, Бењамин, Лука и Дмитри!