Средба на две големи легенди: Дибиров и Федерер се сретнаа во Дубаи (ФОТО)

Еден од најдобрите ракометари на Вардар во последните неколку години, Тимур Дибиров нема да биде дел од последниот меч сезонава во СЕХА лигата откако падна одлука на тој дуел да одат младите ракометари на „црвено-црните“. Тоа беше знак за одмор, па повеќето ракометари ги користат деновите пред почетокот на репрезентативните активности да се одморат од напорната полусезона.

Тимур Дибиров со своето семејство се наоѓа во Дубаи каде што се одмораат после натпреварите. Во Дубаи имаше можност да се сретне со легендарниот тенисер од Швајцарија, Роџер Федерер. Тоа беше неверојатна средба овековечена и на Инстаграм профилот на Дибиров.

Тука секако се и другите членови на семејството Дибиров кои исто така уживаат во Дубаи во местото Хумеирах Ал Насем.