Словенецот се сели во Шпанија: Јанц четири години ќе тресе мрежи за Барса!

Словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц се договори за трансфер во Барселона, иако за него беше заинтересирана и екипата на Кил. Договорот на Јанц со Келце исткува на крајот од наредната сезона и тој ќе се пресели во Шпанија.

Десното крило беше желба на Барселона уште пред две години, но Словенецот тогаш одбра трансфер во Келце кај Талант Душебаев. Јанц нема да го продолжи престојот во Полска, иако Бертус Сервар му понуди нов договор.

На позицијата десно крило 22-годишниот ракометар ќе биде замената за Виктор Томас кој е во залезот на својата кариера. Јанц потпиша договор на четири сезони, а ќе има словенечко друштво во Барса, бидејќи таму веќе втора сезона игра уште еден леворак ракометар, Јуре Доленец.