Скопје не го заборави: Фановите во редици и половина час по мечот чекаа за фотографија со Карачиќ (ФОТО)

Вардар и Келце во возбудлив натпревар ги поделија бодовите во седмото коло од Лигата на шампионите, откако одиграа нерешено, 28-28.

Некогашниот играч на Вардар, кој по седум сезони во Скопје летово се пресели во Келце, првпат играше против својот поранешен клуб, си замина од СЦ “Јане Сандански” дури по неколку часа откако заврши мечот.

Тој беше на прес конференцијата по натпреварот, потоа даваше уште многу изјави за медиумите, а голем број фанови трпеливо чекаа за фотографија со нивниот миленик.