Се зголемува балканската колонија во Луцерн – пристигнува и црногорскиот талент!

Младиот репрезентативец на Црна Гора, Радојица Чепиќ, во следната натпреварувачка сезона 2023/24 ќе го носи дресот на амбициозниот тим од Швајцарија, Криенс Луцерн. Тој е второто засилување во швајцарскиот клуб по кржниот напаѓач Жељко Муса од Загреб.

Црногорецот, кој во вториот дел од оваа сезона настапува на позајмица од Вецлар во АЕК Атина, важи за еден од најголемите таленти од Балканот.

Десниот бек со клубот од Швајцарија потпиша договор, со важност од три сезони. 20-годишниот ракометар имаше одличен настап на Европското првенство 2022 и токму настапот на континенталниот собир му донесе трансфер во Бундес лигата

Сепак, во тимот на Вецлар поради големата конкуренција имаше мала минутажа, па така бундеслигашот одлучи да го прати на позајмица во екипата на АЕК Атина.

Чепиќ во својата кариера настапуваше и за актуелниот шампион на Словенија, Целје, тим во кој мина две сезони, како и за неговиот матичен клуб Рудар од Плевља.

Дресот на Криенс Луцерн сезонава го носи швајцарската легенда Енди Шмид, репрезентативецот на Хрватска, Марин Шипиќ, некогашниот член на Магдебург и Рајн Некар, Фабијан Бем, српскиот репрезентативец Милош Орбовиќ и уште неколку искусни ракометари.