Саздовска во одлична форма, Турингер славеше кај Бломберг

По поразот во минатото коло од Битигхајм во дербито на Бундес лигата, тимот на Турингер каде што настапува македонската репрезентативка Јована Саздовска, се врати на победничките патеки.

Турингер славеше на гостувањето кај составот на Бломберг со 32-34, а Саздовска беше трет стрелец во победничкиот тим и постигна четири голови од пет обиди.

Сега Турингер се приклучи на табелата кон водечките Битигхајм и Борусија Дортмунд, а во следното коло ќе игра дома против Курпфалц.