Рутинска победа на Мешков Брест среде Москва

Ракометарите на Мешков Брест по поразот во Лигата на шампионите од полскиот првак Келце, се вратија на победничките патеки, откако славеа над Спартак Москва во регионалната СЕХА лига со 26-34.

По првиот дел беше 13-17 за гостинската екипа, а во вториот дел момците на Раул Алонсо само ја дуплираа разликата и немаа никакви проблеми. Шпанецот им даде шанса за настап на сите ракометари од клупата, но тоа не се почувствува во играта.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Баранау со 13 погодоци и Ваилупау со четири, додека кај рускиот вицепрвак се истакна Фокин со шест погодоци.