Ракометарките на Алушовски издржаа едно полувреме против Спартак

Во натпревар од 4. коло од Женската лига екипата на Алушовски претрпе пораз на домашен терен од екипата на Спартак со 26:34.

Овие две екипи одиграа две различни полувремиња. Во првото имаше поголемо надигрување, а и домашните успеаја да се спротистават така што издржаа во нерешен резултат. Имаа 15:15 односно резултат кој им даваше гаранција за да стигнат до нешто повеќе во продолжение.

Нерешениот резултат од крајот на првите 30 минути, сепак, во вториот дел беше причина гостинките да го засилат темпото, а тие успеаја да стигнат до висока предност. Без поголеми проблеми до крајот дојдоа до плус осум гола и славеа со 34:26.

Ова беше втор триумф за Спартак сезонава, додека тимот на Алушовски, кој е дебитант останува без бодови и после 4. коло. Во следното Алушовски гостуваат во Прилеп кај Деспина, додека Спартак игра на домашен терен против екипата на Гевгелија.

АЛУШОВСКИ – СПАРТАК            26:34 (15:15)

Сала: „Форца“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

АЛУШОВСКИ: Стојковска, Алушовска, Георгиевска 7, Ангеловска 3, Петковска 3, Трајаноска 3, Николовска 3, Ангелковска 1, Божиновска 2, Тодоров, Велигденова 2, Ристовска, Милошоска, Мемов, Младеновска, Мисовска 2.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 10 мин.

СПАРТАК: Самарџиска, Андонова 4, Китановска 4, Костадиновска 3, Василева 4, Димитрова 3, Георгиевска, Стефановска 6, Величковска 4, Лазаровска 1, Кузмановска, Ивона Кимовска 1, Ива Кимовска, Мартиновска 2, Домазетоска 2.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 16 мин.