Преспа го пречека КЛ 7 на негов терен и претпре пораз

Екипата на КЛ 7 после поразот од Тиквеш продолжи со победите, а новиот триумф дојде против екипата на Преспа со 31:21 на натпревар на кој тимот од Скопје беше гостин на свој терен.

Преспа и КЛ 7 играа во Скопје, а второпласираниот тим во Групата 2 водеше од почетокот на натпреварот и во ниту еден момент не дозволи да има проблеми. Уште во првите 30 минути разликата беше солидна и КЛ 7 водеше со шест гола така што во продолжение само истата се зголемуваше.

После 15:9 немаше проблеми да се продолжи во ист стил, па на крајот предноста изнесуваше десет гола, 31:21.

Инаку, на оваа средба во тимот на КЛ 7 го немаше Бобан Каковски, кој го повреди зглобот на дерби дуелот против Тиквеш во минатото коло.

ПРЕСПА – КЛ 7  21:31 (9:15)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

ПРЕСПА: Ивановски, Камчев, Машковски 1, Даскалоски 2, Ѓоргиевски 1, Тунтевски 4, Шабединовски 3, Тасевски, Јошевски 6, Шиклевски 4, Мирков, Стефановски, Ставревски.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 10 мин.

КЛ 7: Богдановски, Џигероски 2, Трајкоски, Стојков 10, Крстески, Гучески, Миленков, Ѓоргиев 3, Петрески, Симоноски 8, Василев, Илиески, Павлов, Димовски 1, Јорданов, Мирчески.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 2 мин.