Преместен дуелот од Лигата на шампионите: Мешков Брест – Вардар во нов термин

Натпреварот од 9. коло од групната фаза во Лигата на шампионите меѓу Мешков и Вардар закажан за 23 ноември ќе се игра во нов термин.

Наместо во 18:00 часот како што досега беше закажано (16:00 часот по македонско време), натпреварот ќе се игра во 17:30 часот (19:30 по локално време).

Средбата со Мешков треба да се игра во Брест, Белорусија. Претходно вардарци ги очекуваат две средби со полскиот првак Келце.