Првиот кадетски состав немоќен, претрпе пораз од БиХ

Откако денеска втората постава на репрезентацијата на Македонија во кадетска конкуренција со одличен финиш успеа да дојде до победа против БиХ, првиот тим претрпе пораз од 32:38 од истата селекција.

Во меч во кој противникот беше во водство од самиот почеток беше тешко да се следи. Кадетите не можеа да го датат потребниот ритам и постојано беа во негатива. Негативта постојано растеше, а до крајот на првото полувреме се искачи до пет гола, па на одмор беше 16:21.

Второто полувреме почна со иста игра. Немаше голема разлика и постојано БиХ беше во предност. Во 39. минута победникот беше веќе решен. Резулатот беше 17:26 така што стана јасно дека тука ќе нема многу можност за поправање на работите така што остана само да се ублажи поразот во натпреварот со голем број на голови.

На крајот беше 32:38, а ова ја остави првата екипа на Македонија на една победа и утре во последниот меч на турнирот против Б составот ќе се борат за втор триумф по што ќе биде добиена конечната табела и пласман на петте селекции кои играа на овој турнир.