Потоп во Краљево, Пелистер прими дури 50 гола од Зајечар

Ракометарките на Пелистер потфрлија на гостувањето во Србија кај тимот на Зајечар и на првиот од двата дуели од Челенџ купот. Тие примија дури 50 гола, а дадоа само 20 така што реваншот кој ќе се игра утре исто така во Краљево е само формалност.

Победникот не само на денешниот дуел туку и на двомечот воопшто беше решен после 15-20 минути игра, а резултатот на полувреме од 26:7 во корист на Зајечар доволно зборува за разликата во квалитет.

После предноста од 19 гола во првиот дел во второто полувреме домашните подзастанаа, па вториот дел заврши со 11 разлика или вкупни 30 така што немаше надежи за составот на Пелистер. Зајечар со 50:20 си обезбеди веќе пласман во следната рунда, а на Пелистер е утре да се обиде да ја спаси честа колку се може повеќе.

Реваншот утре се игра исто во Краљево, а почетокот е од 17 часот.

ЗАЈЕЧАР – ПЕЛИСТЕР    50:20 (26:7)

Сала: ЈКП „Тимок-Одржавање“ во Краљево.  Судии: Лукас Бојлакер и Кристоф Гилис од Белгија. Делегат: Лидија Бојиќ-Чачиќ од Хрватска.

ЗАЈЕЧАР: Вујадиновиќ, Маријановиќ, Живиќ, Чакмак 3, Зечевиќ 6, Милошевиќ 12, Терзиќ 5, Шароњиќ, Станојловиќ, Стевановиќ 4, Станковиќ, Балевиќ 1, Стамениќ 9, Богојевиќ 10, Реџеплар.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 12 мин.

ПЕЛИСТЕР: Богоевска, Огненова, Соколеска, Босилковска 1, Анчева 3, Стојанова 1, Милосављевиќ 4, Раиф, Каковска, Талевска 6, Кајчевска, Наумовска 1, Белевска 3, Јанкуловска 1, Нечовска.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.