Поранешен македонски репрезентативец има нов клуб: Прибак се пресели во Израел!

Некогашниот репрезентативец на Македонија и екс член на Вардар, Немања Прибак остатокот од новата натпреварувачка сезона ќе го мине во Израел.

Искусниот ракометар, кој во последните две сезони настапуваше за српскиот шампион Војводина, е најновото засилување во амбициозниот тим од Израел, Хапоел Ришон Ле Зион.

Трансферот на Прибак во израелскиот тим е изненадувачки, бидејќи 38 годишниот ракометар требаше да остане во клубот од Нови Сад и во следната сезона, но добрата финансиска понуда од Хапоел Ришон Ле Зион беше пречина да се премисли и да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.

Прибак дресот на „црвено-црните“ го носеше прво од 2007 до 2009 година, па повторно од 2012 до 2015 година. Во својата кариера настапуваше и за екипите на Бешикташ, Нант, Колубара, Тримо Требње и Железничар Ниш.

Средниот бек кој има и македонско државјанство додека настапуваше за Вардар беше миленик на навивачката група „Комити“. Освен за Македонија има забележано настапи и за репрезентацијата на Србија.