Поповиќ: Сега атмосферата е одлична, позитивни сме и подготвени за успех

Ракометарот од Црна Гора кој настапува во редовите на Металург, Милан Поповиќ е оптимист пред утрешната средба, но во исто време и внимателен бидејќи знае дека составот на Горење може да биде опасен и на домашен и на гостински терен. Тој знае откаде ќе доаѓа опасноста и затоа пред мечот укажува на што ќе треба да се обрне внимание.

„Сигурно дека нема да биде лесно. Ги знаеме квалитете и на Горење и знаеме дека имаат пеколна транзиција. На ова обративме многу внимание во подготовките за овој натревар. Се надеваме на добра средба и се надеваме дека ќе успееме да одржиме чекор со Горење, но се надевам и дека ќе обезбедиме резултат кој ќе ни овозможи за пласманот во групната фаза од Купот на ЕХФ да решаваме на домашен терен“, изјави интернационалецот од Црна Гора,  во редовите на Металург, Милан Поповиќ.

Екипата на Горење на последните неколку средби не игра на највисоко ниво, односно не игра според очекувањата бидеји има многу променлива форма во текот на 60 минути на еден дуел.

„Имаат многу осцилации и некои средби на кои дојдоа до победа имаа голема гол разлика ја завршуваа тесно со еден или два гола разлика. Тоа ќе мораме да го искористиме доколку се случи на средбата утре. Мораме да одиграме цврста одбрана и паметно во напад. Не смееме да дозволиме технички грешки бидејќи така ќе им возможиме да имаат транзиција и тоа може да не чини многу“.

Сепак, во Металург имаше промени, а Поповиќ смета дека сега ситуацијата е далеку подобра отколку на претходните дуели.

„Имаше многу турбленции кај нас. Имавме два кикса против Пролет и Охрид, па имавме и смена на тренерот. Имаше и многу проблеми. Сега ситуацијата е поинаква и атмосферата е далеку на повисоко ниво. Позитивни сме и подготвени и мислам дека сега сме повеќе заедно и конечно се уигравме и тоа ќе биде предност за нас. Има тимски дух измеѓу нас и тоа може да биде наша предност“.

Вообичаено за ваквите средби никој не се осмелува да даде прогноза за резултатот кој би бил доволен за полесен реванш и смета дека мора да се одигра квалитетно во текот на сите 120 минути од овој двобој.

„Тешко е да се одговори на прашањето за резултатот. Што и да направиме овде во Велење тоа нема да го реши севкупниот победник. Горење е млада екипа и сака да се докажува и што и да се случи овде ќе сака и во Скопје да се избори за добар резултат и ќе оди на победа“, коментираше Поповиќ.

Првата средба меѓу Горење и Металург се игра утревечер од 20 часот во „Рдеча дворана“ во Велење. Реваншот е на 24 ноември од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.