Политика во спортот: Грчки АЕК суспендира турски ракометар поради војнички поздрав!

Грчкиот клуб АЕК Атина го казни својот голман Јунус Озмусул затоа што после натпревар со неговата репрезетација изведе војнички поздрав.

Откако Турција ја победи Белгија во претквалификациите за СП, турскиот репрезентативен голман и член на АЕК Атина поздравуваше со војнички поздрав, а тоа не им се допадна на Грците.

АЕК на својата веб страна објави дека 30 годишниот голман е казнет со суспензија на неговиот договор на три месеци. Иако Озмусул се извинил на своите соиграчи и на АЕК за поздравот сепак е казнет. Финансиските средства кои нема да ги добие голманот за месеците на суспензија ќе бидат насочени за бегалците.

Поздравот на Озмусул предизвика бран реакции во јавноста. Инаку сите турски репрезентативци, а особено фудбалерите, головите и победите ги прославуваат со војнички поздрав во чест турските војници кои се бореле во анти-терористичката операција  во Сирија.

Турција на натпреварот против Белгија кога се случил инцидентот триумфираше над Белгија со 33:24 во рамки на претквалификацискиот турнир за Светското првенство во Египет 2021 година.