ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве со кои ракометари Македонија оди на мегдан со Португалија

Европската ракометна федерација ги објави составите на Македонија и Португалија пред вечерашната пресметка од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

Селекторот Кире Лазаров одлучи да му даде шанса на повратникот во националниот тим Мартин Велковски.

Од оние што не беа на СП во тимот се враќаат Цветан Кузманоски, Марко Митев и Марко Мишевски.

Од комбинација отпаднаа десното крило Ален Ќосевски, голманот Марко Кизиќ, пивотот Михаил Аларов и левиот бек Михајло Младеновиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.