Петровски: Покажавме карактер на победници

Еден од поискусните ракометари во Еурофарм Работник, Михајло Петровски денеска имаше одлично издание и покажа дека е во одлична форма. Иако недостигаше десниот бек Стјепановиќ, тој одлично се снајде и заврши добра работа.

„Добро го отворивме натпреварот против Кокс и одигравме добро во првото полувреме. Во второто одигравме во некој грч и повторно имавме проблеми. Противникот успеа да се врати, но драго ни е што покажавме карактер и испаднавме како победници на крајот од средбата. Сега ни претстои една недела за подготовки за следниот натпревар за нов добар резултат“, коментираше Петровски.

Ова беше прв триумф сезонава за Еурофарм Работник во Лигата на шампионите, а следниот предизвик ќе биде против тимот на Татран Прешов следниот викенд.