Пелко: Им честитам на колегите, успеавме да завршиме како први во групата

Пивотот на Вардар, Домен Сикошек Пелко имаше три гола на средбата против Татран Прешов од три шута, а после средбата го даде своето видување за она што беше сработено на теренот.

„Многу лошо ја отворивме средбата и имавме тешко прво полувреме. На паузата се договоривме во второто полувреме да тргнеме со најсилен состав. Одработивме како што треба и резултатот дојде до израз. Им честитам на колегите за новите три бода со кои го освоивме првото место во групата и одиме од највисокото место во вториот дел до сезоната и директно во  четврт-финалето“, изјави Пелко.

Со оваа победа ракометарите на Вардар стигнаа до првото место во Групата и дефинитивно одт директно во четврт-финалето така што останува сега ракометарите да се подготват добро и во одлична форма да го дочекаат вториот дел од сезоната.