Пелко за 24 Ракомет ТВ: Ако играме со срце можеме против секого до бод или два (ВИДЕО)

Пивотот од Словенија, Сикошек Пелко на дуелот против Келце кој финишираше со нерешени 28:28 одигра неколку минути во финишот, но беше максимално корисен.

Неговите погодоци во завршницата беа важни и пресудија во моментите кога беше најпотребно да се реализира и да се дојде поблизу до бодови. После средбата тој искажа задоволство од тоа како сите што биле на терен одиграле.

„Секоја чест  за момците кои го оставија срцето на терен. Имавме проблеми со повреди и не бевме комплетни, но докажавме дека ако се бориме сите со срце можеме против секого да земеме бод или два без разлика каков е составот со кој сме на терен“, изјави Сикошек Пелко за 24 Ракомет ТВ.