Пелистер сигурен против Металург 2

Екипите на Пелистер и Металург 2 го затворија 13. коло од Супер лигата. Битолчани пред своите гледачи стигнаа до нови бодови со триумфот од 29:27 над младите металурзи.

Првото полувреме помина претежно во израмнета игра, ниту една екипа не успеа да најде начин да направи предност во пресрет на второто полувреме. По 30. минути игра беше 12:12.

Почетокот на вториот дел ривалите го продолжија во ист ритам, играа гол за гол се до 40. минута. Од тогаш Пелистер имаше подобри минути и до 47. минута создаде добра предност од 23:18 пред завршниот дел од натпреварот. Ова водство на домашните се покажа како доволно за конечен триумф на дуелот.

Во последните минути избраниците на Игор Котевски само го ублажија поразот. Ова беше четврта победа за Пелистер кој останува на 7. позиција, додека пак Металург 2 го претрпе десетиот пораз и е едно место подолу на табелата.

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 2  29:27 (12:12)

Сала: Боро Чурлевски во Битола. Гледачи: 300. Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Скопје. Делегат. Душко Камишевски од Скопје.