Охрид доминираше на гостувањето во Струга

Ракомeтарите на Охрид запишаа нови бодови на гостувањето против Струга со многу убедливи 18 гола разлика, a доминирајќи во текот на сите 60 минути се изборија за победа од 28:10.

Минатогодишното големо езерско дерби оваа сезона ја нема таа неизвесност. Охрид премногу убедливо славеше, а победникот го реши уште во првиот дел. По 30 минути игра гостите имаа предност од 13:6.

Струга немаше решение во нападот и натпреварот го заврши со многу скромни десет погодоци од кои во вториот дел беа постигнати само четири што е вистинска реткост во ракометот. Охрид рутински го одигра натпреварот и покажа дека е многу поквалитетен тим во моментов.

Најефикасни во победничкиот тим со по пет гола беа Блажески и Тасески, а во екипата на Струга по три гола постигнаа Новаковиќ и Симоновски.

СТРУГА – ОХРИД      10:28 (6:13)

Сала: Спортска Сала Тими во Струга. Гледачи: 1000. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

СТРУГА: Стојаноски, Маркоски, Кузманоски 1, Крстаноски 2, Костоски, Савески, Јанкуловски 1, Стојаноски, Мечкароски, Стрезоски, Ферукоски, Костоски, Симоноски 3, Трајковски, Кицески, Новаковиќ 3.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: –

ОХРИД: Брауновиќ, Андоноски 2, Кривокапиќ 2, Блажески 5, Костов 4, Гошевски, Цитилашвили, Скоколов, Тасески 5, Манасков, Ивановски 1, Ристески 4, Димитриески, Анастасовски 1, Тот 4, Даниловски.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.