Нови деца на репрезентативна сцена: В сабота се собира пионерската селекција

Тренерите Раде Стојановиќ и Кире Атанасовски в сабота во салата „Автокоманда“ ќе ги соберат новите момци кои треба да бидат иднина на македонскиот ракомет.

На списокот се најдоа вкупно 46 деца кои ќе треба да одработат неколку тренинзи и да покажат на кои од нив ќе може да се смета во иднина со оглед на тоа што оваа генерација допрва ќе треба да се најде на натпреварувањата.

„Ова е долг список, но не е комплетен. Имаме уште три деца во моментов кои се во комбинација, но се повредени. Тоа се Петар Стојаноски од Балтепе, Михаел Тотиќ од Металург 2 и Давид Ковачевски од Енхалон. Секако ќе има простор и за дополнително менување во иднина“, вели тренерот Раде Стојановиќ.

Ова е генерација 2004/05, која ќе треба да ги наследи актуелните кадети кои во моментов се на турнирот во Автокоманда.

Инаку, се работи за прв собир, а во продолжение можете да ги видите имињата на ракометарите на кои ќе се смета на овој собир.