Ни Карачиќ не помогна: Висла Плоцк по три години славеше над Келце!

Полскиот првак Келце, противник на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, се чини дека оваа сезона ќе има голем ривал во трката за титулата во домашниот шампионат.

Пулените на Талант Душебаев загубија на гостувањето кај Висла Плоцк со 27-26, откако и на полувремето губеа со 14-12.

Висла Плоцк последен пат славеше над Келце во март 2016 година во лигата, а сега тоа го стори во завршните 40 секунди од средбата.

Иако гостите водеа со 25-26, Плоцк успеа да направи пресврт во финишот и гостите мораа со наведнати глави да го напуштат теренот.

На Келце не му помогна ниту Игор Карачиќ, кој даде пет погодоци, а Душебаев, Агинагалде и Кулеш погодија по четири пати. Кај Висла Плоцк се истакна Миндегија со шест голови.