Не сонуваат сите да заиграат за Барселона

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк за следната сезона би требало да го има во своите редови десниот бек Давид Фернандез. Меѓу тимовите што биле заинтересирани за 23-годишниот Шпанец, бил и каталонскиот гигант Барселона.

Во моментов Фернандез е член на Адемар Леон, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната и десниот бек нема намера да го продолжи престојот во Леон.

За разлика од многу ракометари, тој очигледно не сонува да заигра за Барселона, па ја одбил понудата од “Блауграна”, па јасно е дека ќе продолжи во тимот што го тренира неговиот сонародник Хавиер Сабате.

Сезонава на десната бековска позиција во Висла играат Русинот Константин Игропуло, како и Словенецот Жига Млакар, но јасно е дека еден од нив ќе си оди на лето, а можеби и двајцата нема да ги продолжат договорите.