Најтешкото за најдобрите: Начевски и Николов ќе им делат правда на Барса и ПСЖ!

Судиската комисија на Европската ракометна федерација има голема доверба во македонските арбитри и делегати, па им довери многу задачи во европските купови.

Покрај натпреварите од ЕХФ Купот и Лигата на шампионите, работа за официјалните лица ќе има и во регионалната СЕХА лига.

Дербито на 5. коло во ЛШ меѓу Барселона и ПСЖ ќе го судат нашите најдобри арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Силвана Карбеска и Марија Илиева, покрај натпреварот од ЕХФ Купот во Астрахан, се делегирани и на натпревар од женската Лигата на шампиони во Копривница.

Делегирање на македонски судии и делегати:

12/10, 15:00, Лига на шампиони, Чеховски Медведи – Динамо Букурешт  (Марјан Начевски)
12/10, 15:30, ЕХФ Куп, Скјерн – Алпла Хард (Ненад Николовски и Исмаил Металари)
12/10, 17:00, ЕХФ Куп, Чурго – Констанца (Ацо Николовски)
12/10, 17:30, ЕХФ Куп, Хувента Михаловце – Ница (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
12/10, 19:00, ЕХФ Куп, Пореч – Екс ан Прованс (Камер Металари)
13/10, 18:00, Лига на шампиони, Подравка – Кристијансанд (Силвана Карбеска и Марија Илиева)
16/10, 19:00, СЕХА лига, Спартак Москва – Металопластика (Ѓорѓи Начевски и Славе Николов)
16/10, 19:00, СЕХА лига, Спартак Москва – Металопластика (Марјан Начевски)
19/10, 15;00, СЕХА лига, Нексе – Војводина (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)
19/10, 15;00, СЕХА лига, Нексе – Војводина (Драган Начевски)
19/10, 17:00, ЕХФ Куп, Астраханочка – Букстехуде (Силвана Карбеска и Марија Илиева)
19/10, 20:00, Лига на шампиони, Барселона – ПСЖ (Ѓорѓи Начевски и Славе Николов)