Мотор пред Вардар остана без тренер!

По поразот од францускиот Монпелје, раководството на Мотор Запорожје, се реши да го отпушти тренерот Николај Степанец, објави рускиот „Брз Центар“.

Мотор водеше во текот на целиот меч,  но на крајот остана со празни раце, а шансите за пласман во следната рунда по седум кола се минимални.

Заменикот најверојатно ќе дојде од Балканот, а како сериозен кандидат во трката за тренерската позиција е и Литванецот кој го води Кокс – Гинтарас Савукинас.

Степанец и да не беше сменет, немаше да допатува на дуел во Скопје против Вардар, бидејќи украинскиот тим ќе биде со втор состав на средбата од  СЕХА лигата.