Монпелје сигурен против Мотор Запорожје, ги претрка Веспрем и Келце на табелата

Тимот на Монпелје, според очекувањата, славеше над украинскиот првак Мотор Запорожје со 34-30 во осмото коло од Лигата на шампионите.

Французите водеа со плус шест, 12-6, но мотивираните гости се вратија во натпреварот и Монпелје на пауза имаше само минимална предност, 16-15.

Сепак во вториот дел комплетно беше скршен отпорот на Мотор,  кој и по осум кола останува само на една победа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Лене и Деска со по осум голови, додека кај Мотор се истакна Сорока со шест погодоци.

Сега Монпелје е втор на табелата со 11 бодови, по Кил кој има 13, а нив ги следат Веспрем и Келце со по 10. Вардар е на петтата позиција со девет бода.