Може да одигра само три меча и да стигне до европска титула!

Европската ракометна федерација мораше да направи прилагодување на осминафиналната фаза во Челинџ купот во женска конкуренција откако претставникот од Турција, Ардесен се повлече од натпреварувањето.

Според рангирањето Ардесен требаше да се приклучи во осминафиналето, но тие одлучиле да не настапуваат. За да се усогласи натпреварувањето по нивното повлекување ЕХФ одлучи директен пласман во наредното коло да му додели на Ваљадолид како најдобро рангиран клуб.

Во третата рунда ќе се натпреваруваат 22 екипи, а дуелите се на програмата 8,9 и 10 ноември додека реваншите се една недела подоцна. Победниците од овие двомечи ќе се приклучат во осмина финалето на Локомотива Загреб, Јуро Унирек и Наиса Ниш кои се директно распоредени меѓу 16. најдобри.

Македонскиот претставник во Челинџ купот, Пелистер ќе се бори со Зајечар од Србија за пласман во следното коло, а двата натпревари ќе ги одигра на гостински терен. Првиот натпревар се игра на 8 ноември од 18:00, додека вториот на кој Пелистер формално ќе биде домаќин, се игра следниот ден од 17:00 часот.