Младост Богданци си однесе три бода од Гостивар

Ракометарите на Младост Богданци имаа одличен натпревар на гостувањето во Гостивар каде што одиграа израмнето против тимот на Јехона, а после надигрувањето кое траеше 60 минути се израдуваа на три бода од овој натпревар после победата од 23:21.

Во првиот дел од средбата имаше надигрувње во кое и двата состави имаа свои моменти. Јехона се обиде прва да отиде на поголема предност и да создаде разлика која ќе биде доволна за мирно продолжување на средбата, но не успеа.

Откако поведе со 7:4 дозволи противникот одново да се врати во игра, па тоа резултираше со израмнување и 8:8 на одмор.

Во вториот дел работите беа поинакви. Гостите беа тие кои први поведоа и отидоа на позитива. Таа се движеше главно меѓу два и три гола разлика, па истата беше и зачувана до крајот од средбата.

ЈЕХОНА – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ           21:23 (8:8)

Сала: „Младост“ во Гостивар. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

ЈЕХОНА: Бошкоски, Салиу 3, Јонузи, Маринкоски, Давидоски 2, Џафери 2, Јованоски 2, Селмани, Костоски 2, Тасески 5, Анастасоски 1, Амети, Живкоски 1, Дукоски 1, Ејупи 2.

Седмерци: 4/8, Исклучувања: 8 мин.

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ: Карамичев, С. Михајловиќ, Роглев 4, М. Михајловиќ, Стоилов 8, Демерџиев, Павиќ 3, Наумовски, Фиданов 3, Паунков, Пешков, Динов 5, Шарланџиев, Каркалашев, Ампов, Динов.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 8 мин.